Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

by fokus 19:43
19:43

Платата на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, била во износ од околу 105.000 денари, покажува пресметката на „Код“. За споредба, според „Код“, платата на републичкиот јавен обвинител е околу 80.000 денари.

Во оваа сума која Јанева ја земала како месечен приход е земен предвид и додатокот за ризик на работа, кој може да биде до 35 отсто од платата. Платите на останатите обвинители во СЈО, пак, се движеле помеѓу 80.000 и 85.000 денари.

- Advertisements -

Но постои трет додаток кој е таен и за кој обвинителите се обврзале да молчат, а тоа се бонуси за оние обвинители кои ги преслушувале бомбите. Најголем бонус за ова зeмала Јанева бидејќи имала пристап до сите прислушувани разговори, истражува „Код“.

Бонусите им следеле на обвинителите и стручните соработници согласно договор со кој се обврзувале да го почитуваат принципот на тајност на содржината во „бомбите“.

Десетина обвинители имале склучено ваков договор и тие имале пристап до содржината на бомбите. Освен тоа, бонуси им следувале и на стручните соработници кои имале обврска да ги преслушуваат „бомбите“ и да откриваат индиции за криминал.

Овој бонус бил во износ од платата и додатокот за ризик заедно. Доколку вработените во СЈО ја прекршат тајноста на „бомбите“ им се заканувала кривична одговорност, но и обврска да ги вратат сите пари од бонусите.

Поврзани новости