Јанчев: Немам врска со постапките на ВМРО пред 15 септември

by Фокус

Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, се огради од тоа што го правела партијата пред 15 септември, кога тој да се вклучил во политиката.

-Се што правела партијата пред 15 септември не го прифаќам како одговорност, кажувам јасно и гласно – рече Јанчев, во дебата на Телевизија 24 со противкандидатот од СДСМ, Бетиан Китев.

Притоа, тој критикуваше насилството во парламентот на 27 април., истакнувајќи дека секој што учествувал или го организирал насилството треба да одговара.

 

Поврзани новости