Јанчев ќе се кандидира повторно за градоначалник на Кавадарци

by Fokus

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ќе биде дел од изборната трка за нов градоначалнички мандат следната година. Оваа негова одлука денеска тој ја сподели на средба со новинари.

– Заедно со мојот тим и Советот на општината, за две и пол години успеавме да ја реализираме целокупната предизборна програма. Тоа ми дава за право да размислувам во тој поглед. Мојата конечна одлука е дека ќе се кандидирам за втор градоначалнички мандат. Со нови програми кои ќе бидат благодат за општината, одговори тој на прашање од МИА.
Би сакал, рече, да види човек од Кавадарци во повисоките структури на државно ниво, одговорајќи на прашањето од МИА дали во иднина се гледа како вршител на висока државна функција.

Поврзани новости