Јанчев: Ако Мицкоски биде сменет, ќе се пријавам за нов лидер

by Фокус 15:31
15:31

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека би се кандидирал за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, доколку на вонредниот конгрес најавен за 28-ми март му биде изгласана недоверба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски.

-Доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата – рече Јанчев за Фактор.

- Advertisements -

Инаку, Иницијативниот одобор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека имаат обезбедено двотретинско мноизинство, што е неопходно за конгресот да биде легитимен.

Еден од фронтмените на оваа иницијатива е поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, кој го обвини раководството на Мицкоски дека започнало кампања против сите што бараат негова одговорност.

„Имаме обврска и одговорност кон членството да ја поправиме грешката што ја направивме кога го гласавме Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Коневски на фејсбук.

Мицкоски, пак, водачите на оваа иницијатива ги обвини дека се уценети за да одработуваат за власта на Зоран Заев.

Поврзани новости