Јанакиески не се појави, тензично во Анкетната комисија

by Фокус 17:49
17:49

Откако Миле Јанакиески денеска не дојде да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, настана хаос помеѓу членовите. Комисијата не го утврди дневниот ред, бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано, по што седницата беше прекината.

Миле Јанакиески, кој беше повикан како сведок по предлог на СДСМ, ја игнорираше поканата и ниту ја известил Комисијата дали воопшто ќе сведочи, ниту пак кој термин му одговара. Горан Мисовски од НСДП, алудираќи на една од бомбите, искоментира: „На Миле не му текна да дојде“.

- Advertisements -

Потоа дојде и до конфликт меѓу претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, и пратеничката Владанка Авировиќ, која му упадна во збор.

-Госпоѓо Владанка, зошто сте имале толку несреќно детство, што ви правеле кога сте биле мала? Нели ве научиле? Зборувам овде, побарајте си збор ќе добиете, почекајте да завршам. Не навредувам, во текот на три недели госпоѓа Авировиќ е во најмала рака безобразна кон претседателот на Комисијата, рече Шилегов.

Тој најави дека лидерот на СДСМ Зоран Заев, како прв сведок на партијата, пред Комисијата ќе сведочи јавно.

 

Поврзани новости