Јанакиески и Ристовски се преместени во хашкиот дел на Шутка

by fokus

По вчерашниот напад во истражниот затвор во Шутка, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се префрлени во таканаречниот хашки дел од затворот.

Претходно од Основниот суд Скопје 1 – Скопје и препорачаа на управата на Установата да ги преземе сите мерки за расчистување на случајот и да направи ревизија на распоредите за прошетки на свеж воздух на притворените лица со што во иднина нема да овозможи лицата кои учествувале во вчерашниот инцидент повеќе да не се среќаваат во дворот на затворот.

Поврзани новости