Јанакиески два дена пред изборите во 2011 затворал дуќани: Кажете брашното е канцерогено!

by fokus

На два дена пред изборите на 1 јуни во 2011 година, Миле Јанакиески ги ангажирал сите инспекциски служби да затворат пет дуќани во Циганското мало во Струмица, бидејќи биле полни со брашно и масло, со кој наводно СДСМ ќе купувало гласови. Овој разговор денеска оддекна во Кривичниот суд каде што продолжува слушањето на бомбите предложени како доказ во случајот Титаник.

-Дуќаните се полни со брашно и масло, прати инспекција да ги затворат, му вели Јанакиески на Горан Трајковски, тогашен директор на УЈП.

Трајковски пак му вели дека прво ќе мора да изречат казни, а потоа да ги затворат.

-Миле вие го сменивте законот, па не можам да затворам. Сменивте прво да се казнува, па потоа втор дел е затворање, му вели Трајковски.

По ова Јанакиески врти на уште неколку места да испратат инспекција.

-Полни се со брашно и масло, со нив Заев ќе купува гласови. Да не мрдаат инспекторите од таму, вели.Јанакиески на соговорничка.

Таа пак му вели дека и да ги затворат тие пак ќе го делат брашното. По ова забелешка Јанакиески  се замислува па и вели “Смислете нешто, речете дека брашното е канцерогено”‘.

Поврзани новости