Јанакиески бара помош од Цветанов, му се жали дека му судат многу често

by fokus

Поранешниот министер Миле Јанакиески, обвинет во неколку предмети на СЈО, испратил писмо до „Зелена лупа“ во кое се жали дека му биле прекршени неговите основни човекови права. Тој вели дека судските рочишта му биле закажувани премногу често, односно нема време да спреми квалитетна одбрана. Па така, посочува дека во 85 работни дена му биле закажани 57 рочишта.

Писмото на Јанакиески е адресирано до Ване Цветанов претседателот на здружението Зелена лупа, кој во времето додека Јанакиески беше министер се жалеше од „режимот на Груевски“.

-Зелена лупа Ве информира дека доби писмен документ од обвинетиот Миле Јанакиевски, во која што се жали за кршењето на неговите основни човекови права.

Зелена лупа ќе го разгледа документот и за истиот ќе испрати допис до Основен Суд Скопје 1 – Скопје.

Потсетуваме,
дека нашата заложба е придонес во создавање на правен систем, кој што ќе овозможи правични судски постапки, во кои правото на одбрана, како и правото на подготовка на одбраната, мора да биде овозможено на секого.

Без разлика за кого се работи, во судските постапки, од страна на Судот, мора да се почитува презумпцијата на невиност за секого, како и сите права на обвинетите предвидени во домашното законодавство и меѓународните конвенции. Вклучително и правото на подготовка на одбрана.

Во конкретниов случај, според нашите првични проверки, 57 рочишта за 85 дена, за различни предмети, е прекраток период за исполнување на правото за подготовка на одбрана.

Судовите мора да воспостават механизми за овозможување на правични судења, СО ЦЕЛ ДА ПОМОГНАТ НА ДРЖАВАТА ВО ЕУ и НАТО интегративните процеси. Ваквите случаи може да бидат нотирани во негативен контекст од меѓународната заедница и да и наштетат на државата, велат од Зелена лупа.

Поврзани новости