Барселона игра многу добро во последно време, а најважна е одличната форма на напаѓачкото трио на каталонскиот тим.
Ретко кој очекуваше дека напаѓачите на Барса ќе „кликнат“ вака оваа сезона. Рафиња практично беше на излезната врата, клубот сакаше да се ослободи од него, но тој блесна оваа сезона и даде голем придонес. Се очекуваше Левандовски да се „пензионира“, а Ламине Јамал иако зад себе имаше одлично Европско првенство, не се очекуваше дека ќе игра толку зрело и во ЛШ.
Токму Јамал беше еден од предводниците на Барселона до одличен резултат во Лигата на шампионите, а оцени дека неговиот тим е главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите:
„Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега кога Ливерпул испадна“, рече Јамал, додавајќи:
„Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство. Не сме истиот тим како лани против ПСЖ“, заклучи талентираниот шпански крилен напаѓач.
Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Борусија Дортмунд и ќе биде фаворит.