Килијан Мбапе можеби ја игра својата сезона од соништата индивидуално, но ќе остане без најважните трофеи, кои му ги украде Ламине Јамал, односно Барселона.
Светот полека но сигурно зоврива за новото ривалство како што беше порано меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, сега е меѓу Јамал и Мбапе.
Верувале или не, Јамал од минатото лето, кога реши Французинот да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид, му ги украде сите трофеи на Мбапе.
Се започна на Европското првенство во Германија, кога Јамал беше херојот на полуфиналето, го постигна евроголот за победа, а Шпанија ја одведе во финалето против Англија.
Потоа почнаа дуелите во Шпанија, односно „Ел Класико“, а Барса победи со 4/4.
Навистина, Мбапе брилираше на овие мечеви постигнувајќи пет гола, но блескаше и Јамал кој на четири меча постигна три гола и додаде две асистенции.
Барса на четири меча постигна дури 16 гола, што е сигурно најголемата шлаканица за Мбапе оваа сезона.
Интересно е што Јамал и Мбапе повторно ќе се сретнат, во полуфиналето на Лигата на нации, на 5 јуни.