Јакуповиќ за наградата 11 Октомври: Режимот ги награди своите вазали!

by fokus 18:19
18:19

Актерот Един Јакуповиќ во отворено писмо реагира на денеска доделената државна награда „11 Октомври“ со која се закити неговиот колега Атила Клинче.

Реакцијата на Јакуповиќ ја пренесуваме интегрално:

- Advertisements -

„Го дочекавме моментот кога на Денот против фашизмот луѓето кои во последните 10 години се однесуваат како фашисти наместо за својот криминал да одговараат, тие добиваат државни награди. Сакам да ја информирам јавноста дека Атила Клинче наградата 11 Октомври ја добива за придонес и вазалство на ДПМНЕ и посебни заслуги за уништување на многу туѓи животи. Оваа полтронска вмровска фигура преку Турската демократска партија (ТДП) одработува одлично за овој режим. Замислете актер кој има одиграно за 15 години помалку од 5 театарски премиери и кој без фашистичкита коалиција МВРО-ДПМНЕ-ТДП не би можел ни да сонува за ваков ден, денес е награден за вазалство на режимот. Крајот доаѓа а режимот набрзина се труди да ги згрижи и награди своите вазали!

Овој измеќар веќе две генерации на дипломирани актери ги остави без работа, само поради тоа што не се припадници на неговиот политички блок. Оваа фигура на најмизерен фашистички начин одработува за режимот. Оваа фашистичка марионета за режимот е виновна за уривањето на турската култура во Македонија.

Честит празник, измеќару, ќе одговарате за својот криминал! Тоа ќе ви биде најголемата животна награда!

Денес почитувани колеги, граѓани, пријатели, соборци ве повикувам во 14 часот да излеземе масовно и да му се спротиставиме на овој режим и фашистичкиот однос на полтроните кои несебично одработуваат за неговиот фирер! Во еден глас ДА за живот во Македонија НЕ за режимот! За слободна Македонија!

Фашизмот на фирерот мора да падне! ДА ЖИВЕЕ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!!“

 

Поврзани новости