Јакимовски заразен со корона вирус

by Fokus

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Сакам да Ве известам дека денес направив тест за COVID-19 и сум позитивен на корона вирусот. Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи. Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете сите потребни мерки. Јас се чувствувам добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на обврските во Општина Карпош!“, напиша Јакимовски.

Поврзани новости