Јакимовски: Сиромаштијата им е заеднички непријател на сите

by Фокус 11:39
11:39

За Македонија е многу битна етничката стабилност. Ако неа ја нема, нема да има ниту политичка, ниту безбедносна стабилност. Сиромаштијата им е заеднички непријател  на сите. Затоа мораме да се избориме против неа, рече лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на вчерашната средба со граѓаните во Гостивар.

Тој истакна дека разликите не се хендикеп, туку предност, и треба да се интегрира во културните, образовните и спортските  достигнувања.

- Advertisements -

– Затоа сакаме да се обединиме сите без оглед на припадноста и да се справиме со овој проблем. Бидејќи тој поеднакво ги тишти, и Ромите, и Бошњаците, Македонците, Турците и Албанците. Од таа причина политичките партии треба да понудат решенија за тоа како да се надминат проблемите кои настануваат од невработеноста, сиромаштијата, бесперспективноста која ги погодува младите луѓе и како да ги поттикнеме да преземат иницијатива да стануваат претприемачи и своите деловни способности и креации да ги исполнуваат тука, во Република  Македонија – рече Јакимовски на средбите со гостиварци.

Поврзани новости