Јакимовски очекува најголема поддршка од ВМРО

by fokus

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој влезе во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Карпош, вели дека очекува победа над противкандидатот од СДСМ Душко Весковски. Тој вели дека најголемата поддршка ја очекува од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

-Анкетите покажуваат дека за мене гласаат, покрај мојата политичка партија ГРОМ и од ВМРО-ДПМНЕ,13 отсто гласачи на СДСМ, над 24 отсто од Левица, од неопределените преку 40 отсто, што значи очекувам поддршка за натамошен развој на Карпош од сите граѓани. Секако, најмногу од коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ – рече Јакимовски на Алсат М.

Инаку, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски, во првиот круг заврши на третото место.

Поврзани новости