Јакимовски: Нема теорија Мицкоски да падне, со локалните да има и парламентарни избори

by Фокус

Протестите на ВМРО-ДПМНЕ се со многу јасна цел, теоретска шанса нема во моментов да падне Христијан Мицкоски, да не се секирате ниту вие, ниту Зоран Заев, ниту другите душегрижници, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на Канал 5.

-Нема што некој да се грижи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ, јасна е целта – лошо владеење на старо-новата влада и ќе видите дека нема теротески шанси Мицкоски да падне од функцијата – рече Јакимовски.

Според него, добро е со локалните избори до година да има и предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости