Јакимовски: На секретарот на Општината му заврши мандатот

by fokus 16:30
16:30

Со денот на престанување на мандатот на градоначалникот на општината, престанува и мандатот на секретарот, соопштуваат од Општина Карпош, по информациите дека првиот административец на Стевчо Јакимовски поднел оставка пред да му заврши мандатот. Тоа го потврди во изјава и досегашниот градоначалник на Карпош.

Во соопштението се додава дека градоначалникот го именува секретарот на општината од редовите на раководните административни структури.

„Според тоа, не станува збор за никаква оставка, ниту пак Законот за административни службеници познава термин „оставка“ туку распоредување на работно место кое претходно го имал секретарот, пред да биде именуван на функцијата секретар на општината“, наведува општина Карпош.

- Advertising -

 

Поврзани новости