Јакимовски ќе гласа во сабота, Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор

by fokus

Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор, по одлука на Кривичниот суд истиот да му биде продолжен за уште 30 дена.

Јакимовски пред еден месец беше уапсен како осомничен во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителството бараше да му биде одреден затворски притвор, но поради неговата здравствена состојба доби куќен притвор.

Ова значи дека Јакимовски своето гласачко право ќе го оствари во сабота, односно еден ден пред изборниот ден, кога гласаат притворениците, затворениците и болните и изнемоштените.

Тој дента кога беше уапсен и спроведен до судот пред новинарите извика:„ќе ги тепаме, не им се плашиме“, симболично покажувајќи два прста во знакот на победата.

Според кривичната пријава поднесена од МВР, Јакимовски од позиција на градоначалник им овозможил на три фирми да се стекнат со земјиште кое било во државна сопственост, така што го легализирал земјиштето спротивно на Законот.

Поранешниот градоначалник на општина Карпош и уште осум други лица се осомничени за неколку кривични дела како незаконска легализација и продажба на земјиште, бесправно градење и садење цвеќе. Меѓу осомничените има и бизнисмени од градежниот сектор.

Поврзани новости