Јакимовски и Ставрески зедно го отворија плоштадот „Делфина“

by Фокус

Соработката на Јакимовски со актуелната Влада е очекувана, бидејќи уште кон крајот на април, Јакимовски најави дека советниците од Српската напредна странка, партијата која го предложи на изборите, ќе коалицира со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Новоотворениот плоштад го доби името „Делфина“, со што се оддава признание на почесната граѓанка на општина Карпош, трикратната светска првенка во маратонско пливање, Атина Бојаџи.

Плоштадот се простира на површина од околу 5.000 метри квадратни, исполнет со зеленило и фонтана.

*фотографијата е преземена од сајтот на општина Карпош

Поврзани новости