-Ако е криза, а криза е, нели треба сите еднакво да си го стегнеме ременот? Во оваа криза се збогатија и пари имаат само шест субјекти -Владата, банкарите, лихварите, извршителите, нотарите и криминалците. Па, каква е таа држава во која чесните се плашат, а криминалците слободно шетаат, рече Јакимовски.
На граѓаните им порача да ја поддржат партијата, нејзината програма и кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски.
-Разговарајќи со луѓето заклучив дека сите дишеме со ист здив, сите нè тиштат исти проблеми кои треба да се решаваат, а енергијата да се насочи особено кон младите генерации, рече Поповски.