Јакимовски: Бегалската криза може да ја дестаблизира Македонија

by Фокус 15:34
15:34

Актуелната мигрантска криза, која во последниот период зема се поголем замав, и се заканува да го дестабилизира целиот регион и Македонија, која нема толкав економски, социјален и институционален капацитет да може да издржи толкав бран на мигранти, предупредува лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

– ЕУ во овие случаи не се снаоѓа најсоодветно и овие несакани случувања ќе се милтиплицираат во Македонија, но и во Европа и во регионот. ЕУ може во одредени моменти да делува некоординирано, но таа има механизми и силни институции да ги корегира своите политики. Наспроти тоа, Македонија нема толку силни институции и оттаму оваа криза може да доведе до дестабилизација на земјата – нагласи Јакимовски.

- Advertisements -

Тој ги охрабри институциите енергично да одговорат на бегалската криза, посебно кон оние кои се однесуваат милитантно, а сите политички партии да застанат цврсто и единствено позади проблемот со бегалската криза, бидејќи, според него, на земјава не и е потребна надворешно увезена криза.

Поврзани новости