„Јадран филм“ се труди да и докаже на владата дека сумата од 1,2 милиони евра е искористена за да се снима серијата Македонија

by Fokus

„Јадран филм“ дооел преку соопштение до медиумите го претставија  trailer-от на играната серија МАКЕДОНИЈА, за која пред две недели дојде до препукувања меѓу владата и продукцијата.

– Изработка на квалитетен и добар, а пред се и гледан производ кој ќе има гледачи во целиот свет е задача која воопшто не е лесна ниту едноставна. За тоа говорат и бранувањата околу овој проект, коишто за жал стануваат дел од дејствието на играната серија МАКЕДОНИЈА. Во оваа прилика, во името на целата екипа, изразуваме благодарност за огромната поддршка што ја добивме од јавноста, како и од сите сегменти на македонското општество, токму од оние кои се дел од дејствието и дел од екипата на серијата.Објавувањето на trailerotе првиот чекор кој го правиме во презентација на играната серија МАКЕДОНИЈА пред јавноста, и во транспарентен процес ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Работејќи со силна верба и висока цел, ние ја снимивме првата сезона од серијата која ги промовира темелните човекови вредности – се наведува во соопштението од „Јадран филм“.

Од таму додаваат дека серијата ќе ја завршат и јавно ќе ги презентираат сите информации со единствена цел институциите на системот и целата македонска јавност да бидат точно информирани.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски пред две недели изјави дека средствата биле доделени на продукцијата „Јадран филм“ и требало да се направи проект играна серија „Македонија“, но во согласност со утврдениот термин, 4 септември 2017, првиот дел од серијалот ниту бил снимен, ниту бил испорачан, а парите во износ од 1,2 милиони евра се префрлени.

Поврзани новости