„Јадран филм“ објави забранета сцена со цел да докаже дека епизодите се снимаат

by fokus 13:47
13:47

Од „Јадран филм“ денеска презентираа забранета сцена од серијалот „Македонија“. Ваквиот чекор од продукцијата го прават во момент кога договорот им е прекинат и отворена е предистражна постапка за тоа каде завршиле 1,2 милиони евра за првата сезона.

„После фантастичниот успех на трејлерот на серијата и огромен број на позитивните критики од сите сегменти на македонското општество и од сите страни на политичкиот спектар, дојде време за нова фаза во која се претставува една од сцените на серијата и тоа оние забранетите. За сите вас драги гледачи, следат и нови сцени, со кои ќе Ве воведеме во серијата Македонија“, пишува во соопштението на продукцијата.

- Advertisements -

На овој начин продуцентот сака да докаже дека серијата постои, но не е јасно зошто истата со цели 14 епизоди од првата сезона за кои Македонија плати 1,2 милиони евра како што се законските обврски не доставила копија до Агенцијата за филм.

 

Од „Јадран филм“ тврдат дека материјал од серијата има и дека е снимена, но досега го презентираа сам трејлерот и 49 секунди од како што велат „забранетата сцена“.

 

Поврзани новости