Јада со победа ја заврши летната сезона

by Fokus

Олимпиецот Ставре Јада денеска со прво место освоено на Државното првенство во бијатлон, кое се одржа во Скопје, ја заврши летната сезона за оваа година.

На трката од пет километри во сениорска конкуренција, учество зедоа 13 натпреварувачи, а на второ и трето место завршија Ѓоко Ицоски, односно Тошо Станоески.

„Среќен сум што после долги години во Македонија се одржа Државно првенство што во минатото го немаше. Задоволен сум од настапот и сега е време да се посветам на зимските подготовки“, ни изјави Јада.

Во конкуренција жени, прво место освои Викторија Јовановска, втора беше Ана Цветановска и трето место Ана Ангелова. Во јуниори мажи, прв Андонаки Костоски, Дејвид Величковски, и Давид Торевски.

Ј.Ц.

Поврзани новости