Ја запалил куќата на брат му со бензин, пожарната повредила битолчанец додека гаснела

by Fokus

Битолчанец ја запалил куќата на брат му со запалива течност на улицата „Љубојно“ во Битола пренесува СДК. Од пожарот изгоре и куќата на соседот кој со три малолетни деца останаа на улица без покрив над главата. Според оштетените, едниот брат му ја запалил куќата на другиот поради кавги за имот.

Жителите обвинуваат дека Противпожарната единица доцнела, немале доволно вода, а противпожарното возило враќајќи се наназад удрило човек на кого му се скршила раката.

Од Пожарна велат дека веднаш по пријавата интервенирале, но пожарот веќе бил проширен и сметаат дека ги викнале во поодмината фаза.

Поврзани новости