Ја спукаа Стевче и СДСМ

by Фокус

Откако Радмила Шеќеринска на вчерашниот конгрес на СДСМ рече дека Заев можел да биде Стевче Јакимовски и да ги напушти СДСМ за да оди на локални избори, но тоа не го сторил, вчера во изјава за „Фактор“ се јави и градоначалникот на Карпош.

Јакимовски тврди дека вечерта кога одлучил да оди на локални избори добил порака од Заев во која тогашниот негов сопартиец му пишал оти се гордее со него. Исто така, лидерот на ГРОМ информираше дека токму Заев му се јавувал на Груевски да ги пролонгира локалните избори.

Од СДСМ стигна реакција во која велат дека „златната акција на ВМРО-ДПМНЕ наречена Стевче Јакимовски мора постојано да ја докажува својата употребна вредност“.

„Коалицинерот на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, а многу веројатно и во Собранието на РМ, ја лаже македонската јавност дека за време на локалните избори 2013 година, Зоран Заев му се јавувал на Никола Груевски за продолжување на рокот за кандидирање на тие избори. Зоран Заев ниту му се јавил на Никола Груевски, ниту имал мандат од неговата матична партија тоа да го прави, бидејки во тоа време не бил претседател на СДСМ. За ставовите на Зоран Заев при донесувањето на одлуките на органите и телата на СДСМ, говорат записниците во партијата, што недвосмислено потврдуваат дека тој безрезервно стоел и ги поддржувал сите одлуки на раководството пред и за време на локалните избори 2013 година”, се вели во писмената реакција на најголемата опозициска партија.

Поврзани новости