Ја претепал сопругата, сакал да ја запали куќата, а на крај и го зел 3-годишниот син

by fokus

Дваесет и деветгодишен скопјанец ја натепал својата невенчана сопруга и го земал тригодишното дете, информираа од МВР.

Според полицијата, на 19.04.2018 година во 03,30 часот во Битола на улица „Љубојно“, во куќата на Ѓ.Р.(30), Б.С. (29) од Скопје, невенчан сопруг на Ѓ.Р., физички ја нападнал истата, по што и ги одзел мобилните телефони,  истурил запалива течност и го запалил прозорот и завесата. Ѓ.Р. со ќебе го изгаснала пожарот, по  што  Б.С. насилно го зел тригодишното дете и со неговото возило, заминал во непознат правец.

Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости