Ја натепал мајка му, па нападнал полицаец

by Fokus

Вчера вечер во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода 38-годишниот Е.А, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, информираат од МВР.

„Потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, известија од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани новости