Извршители тропнаа во ВМРО-ДПМНЕ поради долгови за уметничките слики, тврди СДСМ

by fokus

Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, тврдат од владејачката СДСМ.

-Токму тогаш, додека партијата на Мицкоски се богатеше, голем број граѓани се соочија со извршителите, тонеа во долгови додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше парите од Буџетот. Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите. Па како, со кој образ губитникот Мицкоски бара доверба од граѓаните, бара пристап до народните пари, кога не може домаќински да ја води ни својата партија. На врата му тропаат извршители, а сметките му се блокирани. Како Мицкоски може да води држава, да бара власт кога успеа најбогата партија во Европа да ја доведе до стечај, велат од СДСМ.

Поврзани новости