Извршител му ја празнел сметката на граѓанин и парите наместо во „Водовод“ си ги земал за себе

by fokus

Отворена е истрага против 46-годишен извршител од Делчево кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, извршителот С.З. кривичното дело го извршувал во период од три години, од октомври 2011 до октомври 2014 година

„Во својство на лице што врши работи од јавен интерес – извршител, парите од реализираното извршување од задршка на плата на должникот Д.М. во износ од 7.726 денари, наместо да ги уплати на сметката на доверителот КЈП „Водовод“ Кочани, противправно ги присвоил за себе“, информираат од таму.

Поврзани новости