Извештај: СЈО во моментот работи на дури 99 предистражни постапки

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го објави четвртиот извештај за нивната работа, со кој информираат дека во текот на последните шест месеци заведени се дури 142 нови предистражни предмети, а во моментот работат на вкупно 99 предистражни постапки.

-Во текот на Извештајниот период заведени се 142 нов предистражен
предмет. Од нив 49 предмети се формирани по сопствена иницијатива, а 93
предмети се формирани врз основа на пријави од други подносители.
Вклучувајќи ги претходно отворените 50 активни предистражни постапки во ова
Јавно обвинителство во моментот се во работа вкупно 99 активни
предистражни постапки.

Според податоците во извештајот на СЈО, новите предистражни постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреба на средствата за финансирање на
изборна кампања, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно
затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на
службена положба и овластувања и финансиски истраги, имајќи предвид дека
дел од нив се отворени и пред овој извештаен период, а дел од нив во овој
период преминаа во фаза на истраги.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во извештајот потенцира дека и во наредниот период ќе продолжат активно да работат.

-Наша цел и во идниот период ќе претставува отворање на нови истраги и преземање на сите законски дејствија кои ни стојат на располагање во насока на темелно истражување на кривичните дела кои се во наша надлежност. Покрај тоа, акцент ќе биде ставен и на преслушување и обработка на аудио фајловите и отворање на нови предистражни постапки, се наведува во извештајот.

Јанева потсетува дека извештајниот период поднесени се 18 обвиненија за 19 предмети, против вкупно 120 лица. Од нив, поднесени се обвинителни акти против 102
лица и обвинителни предлози против 18 лица, од кои 11 физички и 7 правни
лица. Со поднесените обвиненија поднесени беа предлози и за определување на
мерка притвор за 18 лица и предлози за определување на мерки на
претпазливост за 48 лица.

-Несомнено дека поднесувањето на овие обвиненија претставува само
еден чекор поблиску до исполнување на мандатот кој му е доделен на
Специјалното јавно обвинителство во интерес на граѓаните на Република
Македонија. Јас и мојот тим сме цврсто убедени дека во соодветна судска
постапка ќе докажеме дека обвинетите ги имаат сторено кривичните дела кои
им се ставаат на товар со поднесените обвиненија, вели Јанева.

Поврзани новости