Извештај на Стејт департмент: Тортура од чуварите во македонските затвори, насилство врз новинари

by fokus

Стејт департментот го објави извештајот за човековите права за 2017 година во кој за Република Македонија е нотирано дека најзначајни прашања се поврзани за извештаи за тортура од затворските чувари, мешање во приватноста, насилство врз новинари, недостиг на судска независност, корупција и насилство против лица од ЛГБТИ заедницата.

– Во најголем број случаи, судовите се придржуваа до Законот за процедурите за притвор. Селективноста и недостигот од транспарентни судови што се користеа при оценување барањата за притвор или притвор во текот на судењата се проблематични. Владините статистики покажуваат дека обвинителите барале наредби за притвор во пет отсто од сите случаи. Кривичниот суд во Скопје даде 80 отсто од барањата за притвор од страна на Јавното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал и корупција. Во исто време, судовите не одобрија 89 проценти од слични барања за притвор и други мерки на претпазливост поднесени од страна на Специјалното обвинителство. Во текот на претходната година, судовите, исто така, ги отфрлија дополнителните барања од Специјалното обвинителство за мерки на претпазливост, вклучувајќи го и домашен притвор и заплена на пасош, се вели во извештајот.

Извештајот нотира дека во некои случаи, судот дозволи осомничени од висок профил да избегнат судско гонење.

Во извештајот како примери се наведени случаите „Таргет“ и „Тврдина“, Никола Бошковски и Горан Груевски и случајот со Сеат Кочан, кој успеа да ја напушти земјата и да го избегне притворот.

Судовите понекогаш не успеваат да обезбедат соодветно оправдување за продолжување, замена или прекинување на притворот, нагласува Стејт департментот во извештајот за човековите права што сеоднесува за Македонија.

Поврзани новости