Извештај на ЕП: Македонија на дното по медиумски слободи на Балканот

by fokus

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи, оценува „Истражувачкиот центар на Eвропскиот парламент“, кој во мај годинава објави извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот, соопшти денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

„Трендот на ерозија на слободата на медиумите е особено забележлив во Македонија, која бележи најголем пад на ранг-листите за слободата на медиумите“, се наведува во извештајот.

Во него, како главни причини за лошата медиумска клима во Македонија се наведени повеќе фактори, односно неспроведувањето на постоечките закони, медиумите во сопственост на лица блиски до власта, зголемено насилство врз новинарите, клиентелизмот, политизацијата и корупцијата, како и недостигот од политичка волја за промовирање на плурализмот во медиумите.

„Европскиот парламент повикува на проактивна улога на професионалните организации и саморегулаторни тела, подобрување на ефикасноста на судскиот систем, политичка посветеност и поголема улога на граѓанското општество, кои на долг рок сите заедно треба да придонесат за подобрување на медиумската клима“, стои во соопштението на ЗНМ.

Извор: Мета

Поврзани новости