Израелскиот премиер повика на акција против Сирија

by fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на акција против Сирија, поради сомнежите дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума.

– Настаните од последните денови не учат дека борбата против злото и агресијата е мисија, која секоја генерација треба да ја преземе, изјави израелскиот премиер во говор по повод Денот на сеќавање за жртвите на Холокаустот. – Ги видовме сириските деца, кои беа убиени со хемиско оружје. Срцата ни се раскинаа од ужасната глетка, додаде Нетанјаху.

Тој потсети на лекциите од Втората светска војна и Холокаустот и повика да се преземат акции и против Иран, критикувајќи го нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили.

– Недостигот на подготвеност на западните сили да заземат цврст став против иранскиот режим, недостигот на подготвеност да ја платат цената за запирање на агресијата во рана етапа, доведе до тоа, човештвото да плати многу повисока цена подоцна, нагласи Нетанхају. 

САД, претходно се заканија со воздушни напади врз Сирија поради сомнежот за користење на хемиско оружје од страна на провладините сили. Дамаск и Москва негираат употреба на такво оружје во Дума.

Фото: Си-Ен-Ен

Поврзани новости