Израелски авиони го нападнаа појасот Газа

by fokus

Израелските воздухопловни сили утрово погодија неколку цели во Појасот Газа, откако неколку часа претходно беше истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската армија.

Израелската армија тврди дека при нападот се погодени „клучно место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, и тунел на Хамас во јужниот дел.

Палестинските милитанти синоќа, првпат по еден месец, истрелаа проектил врз Израел. Во нападот нема повредени луѓе, а не е причинета и материјална штета.

Додека ситуацијата на окупираниот Западен Брег е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците што започнаа во март, армијата спроведува почести рации во Западен Брег.

Поврзани новости