Израел размислува за копнена офанзива на Појасот Газа

by Fokus

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц нареди десет резервни единици на погранична патрола да бидат ангажирани за помош на полицијата во спречување на судири во арапско-еврејските градови низ земјата.

Во соопштението од кабинетот на Ганц се наведува дека тој нема да дозволи војниците на израелските Одбранбени сили да ги извршуваат полициските обврски во градовите, но на полицијата ќе и биде пружена логистичка помош, пишува „Тајмс оф Израел“. Министерот истакна дека во земјата е вонредна состојба и големи засилувања ќе бидат итно испратени да воведат закон и ред.

Генералштабот на израелската армија денеска ќе разгледа одобрување на евентуална копнена офанзива на Појасот Газа, најави портпаролот на војската Хидај Зиберман. Плановите за офанзива, во кои се вклучени дивизиите Газа и Јужна команда, би можеле потоа да бидат проследени на разгледување до израелското политичко раководство.

Речиси 100.000 Палестинци се собраа утрово во џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим за да извршат молитва за Рамазан бајрам. Многумина носеле палестински знамиња, а некои и транспаренти на кои се повикува на мир и победа во судирите.

Поврзани новости