Израел победи на Евровизија

by Fokus

Израел е годинешниот победник на Евровизија 2018, која се одржа во Лисабон, Португалија.

Во финалето се натпреварува претставници на 26 земји. Од балканските земји, во финалето влегоа Албанија, Србија, Словенија и Бугарија.

Македонија не се пласираше во финалната вечер. Според типувањата во обложувалниците, фаворити беа Кипар, Франција и Израел. На почетокот беа претставени сите учесници на сцената, а финалето го отвори претставникот на Украина, потоа настапија Шпанија, Словенија, Литванија, Австрија, Естонија, Норвешка, домаќинот Португалија, Англија, Србија, Германија, Албанија, Франција, Чешка, Данска, Австралија, Финска, Бугарија, Молдавија, Шведска, Унгарија, Израел, Холандија, Ирска, Кипар, а го затворија претставниците на Италија. Дел од учесниците годинава се решија да пеат и на својот мајчин јазик.

 

Поврзани новости