“Израел не треба да молчи за коруптивниот скандал во Македонија”

by Фокус 14:02
14:02

Во текстот насловен “Израел не треба да молчи за коруптивниот скандал во Македонија” д-р Лазаревик ја опишува моменталната политичка состојба и протестите кои се случуваат низ државата како резултат на одлуката за аболиција на 56 лица од страна на претседателот Иванов. Клучната поента на текстот е насочена кон Израел и одговорноста на израелскиот државјанин кој е помилуван со одлуката на претседателот. Лазаревик помеѓу другото пишува:

“Каде е врската помеѓу политичкиот скандал во Македонија со Израел? Имено, странецот во групата помилувани лица од страна на претседателот Иванов наводно e израелски државјанин. Ова лице во улога на посредник договара милионска зделка во евра помеѓу македонските безбедносни сили и израелска компанија за купување на специјална опрема. Гласот и разговорот на лицето се снимени, емитувани и сеуште достапни онлајн.

Неговата улога е да овозможи исплата на договорена сума од 500 000 евра на сметка во Будимпешта, со цел да го обезбеди договорот и исплатата од македонска страна. Иако оваа приказна беше објавена во израелските медиуми во април 2015 година, не доби дополнително медиумско внимание. Името на компанијата никогаш не беше соопштено во јавност. Клучната грижа која произлегува од овие наводи, покрај очигледната коруптивна инволвираност на македонските претставници, е како оваа зделка е поставена во однос на постоечката легислатива и правен систем во Израел? Согласно Израелскиот Казнен Закон забранети се коруптивни плаќања или било каква друга форма на подароци кои би влијаеле на претставници на странски влади да обезбедат бизнис зделки.

- Advertising -

Untitled

Израел исто така ја има ратификувано конвенцијата за Борба против корупцијата за странски официјални лица. Уште позагрижувачки факт е дека компанијата која е доведена во прашање е многу веројатно поврзана и со Соединетите Држави. Ако тоа се испостави за точно, тогаш бизнис активностите на таа компанија не се изложени само на законите во Израел, туку и на легислативата во Сооединетите Држави. Согласно американскиот Федерален Закон за Коруптивни Пракси е нелегално за било која компанија да влијае на бизнисот преку лични плаќања или подароци со цел да обезбеди зделка.”

Лазаревик во текстот потсетува и на одличните односи кои ги негуваат двете земји, како и трагичната судбина на евреите од Македонија во чиј спомен е изграден меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје.

“Македонија изгради Меморијален Центар на Холокаустот” во спомен на трагедијата на 7148 Евреи од Македонија кои беа депортирани во нацистичките логори на смртта. Сега, Македонија е на работ од граѓански конфликт кој е директно поврзан со сегашните коруптивни практики на владата. Израелскиот правен систем не треба да остане нем на оваа без преседан политичка криза во Македонија. Македонската демократија е киднапирана од неодговорни и корумпирани политичари кои се под сериозни сомнежи дека имаат издадено нелегално одобрување за прислушкување на повеќе од 20 000 граѓани со цел да обезбедат лични и политички придобивки. Ако во Израел се иницира истрага за овие обвинувања, нејзините резултати може да имаат директни импликации за политичките случувања во Македонија. Правдата мора да биде задоволена, и одговорните лица кои ги влечат конците на нестабилност, криминал и корупција треба да одговараат” заклучува Лазаревик во текстот.

Целиот текст на англиски јазик е достапен на следниов линк: http://blogs.timesofisrael.com/what-does-macedonias-bribery-scandal-have-to-do-with-israel/

Ова е прв авторски текст објавен за политичката криза во Македонија во Израелски медиум во кој експлицитно се бара одговорност за инволвираноста на израелскиот државјанин во бизнис зделката поради која е аболициран од страна на претседателот Иванов. Очекувањата на ИМА ИДНИНА се дека преку овој текст ќе се отвори јавна дебата во Израел за одговорноста и улогата на посредникот што неминовно ќе иницира правна разврска. Со тоа ќе се фрли дополнително светло на наводите за корупција помеѓу високи државни претставници во Македонија.

Поврзани новости