Израел ќе отвори граничен премин со Газа по затишјето на судирите со Хамас

by fokus 20:09
20:09

Израел повторно ќе го отвори граничниот премин Керем Шалом до појасот Газа ако продолжи тридневното затишје по судирите со Хамас, вели израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман.

Преминот Керем Шалом беше затворен за увоз и извоз на стоки повеќе од еден месец, а Израел периодично го ограничуваше увозот на гас во обид да изврши притисок врз Хамас.

- Advertisements -

Израел дозволи хуманитарна помош на граничниот премин.

Околу 75.000 Палестинци ги загубија своите работни места како последица на прекинот на производството поради наметнатите ограничувања, рече Али Хајек, претседател на Палестинската бизнис асоцијација во Газа.

Според израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, отворањето на граничниот премин „му покажува на населението во Газа дека мирот е во интерес на оние што живеат во Газа”.

Минатата недела имаше два дена судири меѓу израелските војници и силите лојални на исламистичкиот Хамас, кој што управува со Газа. Израел и Хамас водеа три војни од 2007 година. Во меѓувреме, палестинската енклава, дом на околу 2 милиони луѓе, падна во тешка хуманитарна ситуација.

Поврзани новости