Изложба на џез, блуз и соул портрети на Игор Стевковски вечерва во „Концепт 37“

by fokus

Стрип цртачот на неделникот „Фокус“ и уметник, Игор Стевковски-Стевац вечерва во „Концепт 37“ ќе ја отвори својата прва самостојна изложба. Изложбата ќе трае од  12 до 16 октомври.

Станува збор за изложба на портрети на џез, блуз и соул изведувачи. На ваквите портрети Стевац работи со најголемо задоволство, а познати се и неговите портрет карикатури.

Игор Стевковски има завршено на Академија за ликовни уметности во Скопје, а работел за „Детска радост“ и „Остен“ како илустратор и карикатурист.

14125145_10210206053252874_7605801236720430161_o 14322325_146515569135975_4877347211107618191_n-696x464

Поврзани новости