Излезноста до 17 часот е 35 отсто

by fokus

ДИК на најновата прес конференција соопшти дека излезноста за првиот круг на предтеседателските избори до 17 часот е 35,13 отсто. До ДИК пристигнале податоци за 79 отсто од гласачките места.

Доколку би го следеле овој тренд, доколку се обработени 100 посто тоа би значело дека на гласање до 17 часот изглегле околу 600 илјади граѓани, соошти портпаролката на ДИК.

Места со најголема излезност се: Крива Палана 57 отсто, Демир Капија 52 отсто, Демир Хисир 51 отсто, Крушево 50 отсто, Новаци 53 отсто и Прилеп 50 отсто.

Места со најмала излезност се Липково 13 отсто, Желино 13 отсто, Центар Жупа 12 отсто и Пласница 12 отсто.

Поврзани новости