Излезе првиот број на „Ученички глас“, единствен весник во Шуто Оризари

by fokus

Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ денеска го промовираше првиот број на весникот „Ученички глас“, кој е единствен весник кој во моментов излегува во општина Шуто Оризари. „Ученички глас“ ќе излегува еднаш месечно, а го изработуваат ученици од основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ со помош на едукаторите од „Надеж“.

Весникот обработува теми од областа на образованието, технологијата, забавата и спортот, а во секој број има и по едно интервју. Неговата цел е да ја подигне свеста за важноста од образованието, а е поддржан од Американската амбасада во Македонија.

На следниот линк може да ја погледнете онлајн верзијата на „Ученички глас“: https://app.box.com/s/fe3ziw1voc3k1zd8dwz0eofy4og0sxpd.

Сите кои сакаат да добијат бесплатен примерок од весникот, може да дојдат во просториите на Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ секој ден од 10 до 16 часот.

Поврзани новости