ИЗИИС: Ова беше последен афтершок од серијата земјотреси во Скопје

by fokus

Земјотресот од 3,1 степен што попладнево го зафати Скопје е последица на земјотресот од 5,3 степени по Рихтер од почетокот на минатиот месец.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Михаил Гаревски во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека ова е оследен афтершок и веројатноста за нови земјотреси е минимална.

-Ова беше последен земјотрес во серијата земјотреси во Скопје од почетокот на минатиот месец. Според досегашното искуство со афтершокови, не се очекуваат повторувања. Ќе заборавиме на земјотресите- вели Гаревски порталот, потенцирајќи дека земјотресите не може да се предвидат, но јачината и видот на денешниот земјотресот укажуваат дека се работи за афтершок.

Инаку, минтатиот месец Скопското земјиште го потресоа десетина земјотреси од  кои најсилни беа оној на 11 септември од 5,3 степени и земјотресот ден потоа од 4 степени по Рихтер .

Поврзани новости