Изгубивме драгоцено време, но нема простор за паника, смета Филипче

by Fokus

И покрај бројот на случаи од корона вирус, нема простор за паника и вознемиреност кај населението од опасната зараза. Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

„Важно е да се грижиме за сопственото здравје. Бројот на случаи од корона вирусот се стабилизираше. Нема простор за некаква паника и дека има неконтролирано ширење на вирусот. Секојдневно се следат случаите и  мислам дека тоа е најдобар начин да се продолжи понатаму. Изгубивме драгоцено време во изминатиот период и младите лекари ќе бидат распределени во тие ковид центри. Здравството не смее да трпи“, истакна Филипче.

 

Поврзани новости