Изгубил контрола врз возилото, загинал 25-годишниот сопатник

by fokus

Автомобил „Фиат Пунто“ излетал од автопатот Скопје-Велес пред Катланово откако дваесет и едногодишниот С.Т. од Скопје, кој го управувал изгубил контрола врз возилото.

Во несреќата со повреди се здобил М.Т. (25), кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, но по пат кон болницата им подлегнал на повредите. Од страна на дежурен лекар во 19.30 часот е констатирана смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил К.К. (25), а со телесни повреди – Ф.Ј. (18) Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости