Изгубил контрола над мерцедесот и влегол во двор на куќа, двајца сопатници повредени

by fokus

Според информацијата од СВР Велес вчера околу 17 часот на ул „Прохор Пчински“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Мерцедес вито“ со штипски регистарски ознаки управуван од лицето Е.Џ.(37) од Велес изгубил контрола над возилото и со задниот дел удрил во метална врата и влегол во двор на куќа.

Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците З.К.(34) и Р.В.(35) од Велес кои со возило на Итна медицинска помош при ЈЗУ “Здравствен Дом“ – Велес биле пренесени во ЈЗУ“Општа Болница“ – Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Поврзани новости