Изградбата на катната гаража, кај МНТ, поскапе за половина милион евра

by fokus 11:19
11:19

Дополнителни 242.000 евра ќе бидат потрошени за доградба на катната гаража во близина на Музејот на холокаустот, во централното подрачје на Скопје. Тендерот е договорен во четири очи, односно без објавување на оглас, Акционото друштво за станбен и деловен простор одлучило договорот да му го додели на италијанската компанија Scientia Srl.


- Advertisements -

Основниот договор за катната гаража чини 3,8 милиони евра, а набрзо откако беше склучен беше дополнет со уште еден анекс договор во вредност од 222.000 евра. Со новиот анекс почетната цена на гаражата се зголеми за речиси половина милион евра. Катната гаража ќе биде со вкупна површина од 10.037 метри квадратни и вкупен број од 169 паркинг места. Изведувач на проектот е градежната фирма „Ламоне морена”, а проектот го изработи ГС „Проект” – Скопје.

На удирањето на темелите тогашниот премиер Никола Груевски рече дека во централното градско подрачје на Скопје, постојано се градело и се преградувало, но никогаш не се водело сметка дека таму каде што ќе се собираат многу луѓе ќе треба некаде и да паркираат, па затоа Владата одлучила да изгради седум катни гаражи.

В.В.

Поврзани новости