Изгорел камион во пожар во Куманово

by Fokus

Изгореле камиони во пожар во Куманово, но се уште не се знаат причините, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера околу 18.00 часот на ул. „Благоја Думановски“ во Куманово настанал пожар во дворот од куќата на К.Б. (39), при што биле опожарени камион и делови од камион. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Поврзани новости