Изгоре куќа во Битола, нема повредени

by Фокус

Целосно изгорела куќа во битолската населба Баир во пожар што избувнал во 3.30 часот наутро, а бил локализиран во 4.15 од страна на Територијалната противпожарна единица-Битола.

Како што соопштија од МВР, при пожарот во куќата во сопственост на С.Р. немало повредени.

Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Поврзани новости