Изгоре автомобил на пат во близина на Струмица

by fokus

Вечерва околу 19.30 часот се запали автомобил марка „пежо“ во движење на стариот пат Струмица-село Добрејци, информираат од ТППЕ Струмица.

Загинати и повредени нема, а причинета е поголема материјална штета.

Пожарот на автомобилот е угаснат по интервенција на струмичките пожарникари.

Поврзани новости