Изгласани измените на Законот за Судскиот совет

by fokus

Едногласно со 61 глас „за“ и без расправа, денеска Собранието ги изгласа измените на Законот за Судскиот совет, по скратена постапка.

Целта на измените е да се префрли надлежноста што досега ја имаше Советот за утврдување на факти при утврдувањето на одговорноста на судиите на Судскиот совет што произлезе од сите досегашни препораки од Венецијанската комисија и извештаите на Прибе.

Согласно препораките, оваа надлежност припаѓа на Судскиот совет, а не на Советот за утврдување на факти, поради што се предлага и негово укинување по скратена постапка.

Поради поврзаност на двете преостанати точки на дневниот ред со донесените измени и неопходноста прво да се објават во Службен весник претседателот на Собранието ја прекина седницата.

Поврзани новости